Фудбал

ЧЕЛЗИ ЛЕТОВО ПРОДАДЕ ИГРАЧИ ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД НАД 430 МИЛИОНИ ЕВРА

Лондонски Челзи е шампион на летниот преоден рок според сумата која ја собра од продажба на играчи. Сините продадоа фудбалери во  вкупна вредност од над 430 милиони евра.

Најскапо го продадоа Енцо Фернандес (145 милиони евра). Од Андреј Сантос, Николас Џексон, Марк Кукуреља и Лиам Делап се опарија со по над 50 милиони евра.

Челзи се ослободи и од Тревор Чалоба за 30, Тајрик Џорџ за 21, Марк Гују за 15, Беноа Бадиашил за 3 и Давид Фофана за 2,5 милиони евра.