Фудбал

КАРАГЕР: БЕВ УБЕДЕН ДЕКА САЛАХ ЌЕ ПОТПИШЕ ЗА МИЛАН ИЛИ ЈУВЕНТУС

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, откри дека очекувал Мохамед Салах да ја продолжи кариерата во Серија А, а не во Турција.

Египќанецот по девет години го напушти Ливерпул и како слободен играч потпиша за Трабзонспор, иако претходно беше поврзуван со неколку европски гиганти.

Никогаш не верував дека ќе замине во Саудиска Арабија, затоа што е премногу добар за тоа. Искрено, и Турција ми изгледа како лига што не е на неговото ниво.

Според него, Салах можел да направи компромис околу платата и да потпише за Милан или Јувентус.

Бев убеден дека ќе заврши во Милан, Јувентус или некој сличен клуб. Мислев дека можеби ќе ги намали финансиските барања само за да игра во поголем клуб, на Сан Сиро, во големи натпревари и во европските купови. Турција едноставно ми изгледа како чекор подолу за играч со неговиот квалитет.

Салах претходно настапуваше во Серија А за Фиорентина и Рома, пред во 2017 година да се пресели во Ливерпул, каде стана еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот.