ОДБРОЈУВАМЕ ОД ЕЛ-КЛАСИКО: РЕАЛ Е ВО СЕРИЈА ПОБЕДИ, НО ШТО МУ ВРЕДЕШЕ ПОСЛЕДНАТА?
Објавено на: 10.10.2021
Најтрофејната шпанска и европска екипа, славеше со 2:1 во последниот дуел со Барселона, одигран на домашен терен и тогаш изби на чело на табелата во Ла Лига, но на крајот на сезоната не успеа да го сочува водството, а титулата ја освои Атлетико Мадрид.
Мадриѓаните се во серија од три победи против Каталонците (2:1, 1:3, 2:0), претходно одиграа нерешено (0:0), по серијата на Барселона од 2 победи (0:1, 0:3). Ова и натаму останува најочекуваниот фудбалски меч на планетата земја, без разлика на составите на двата тима.

Ла Лига го одложи колото во кое Реал требаше да игра со Атлетик Билбао, поради CONMEBOl мечевите, што значи следно е Ел-Класико. Следете не и дознајте повеќе за претстојното на 24-ти октомври, на кое ќе патуваат двајцата среќни добитници од нашата наградна игра.