Кошарка

ЈУТЈУБ НЕСАКАЈЌИ ОТКРИ КАДЕ ЌЕ ИГРА ЛЕБРОН СЛЕДНАТА СЕЗОНА?

Иднината на Леброн Џејмс и натаму е една од главните теми во НБА, а нова случајна објава дополнително ги разгоре шпекулациите дека кошаркарската легенда би можела да се врати во Мајами Хит.

На официјалниот YouTube канал на клубот накратко се појави најава за прес-конференција закажана за 27 јули, а во насловот стоеше дека ќе биде претставен токму Леброн Џејмс. Неколку минути подоцна објавата беше преименувана во „тест“, а видеото беше поставено како приватно, но внимателните навивачи веќе направија снимки од првичната објава.

Леброн настапуваше за Мајами од 2010 до 2014 година и во тој период освои две НБА титули, во 2012 и 2013 година, при што во двата наврати беше прогласен за МВП на финалната серија.

Според шпекулациите, Мајами веќе го обезбедил потписот на Јанис Адетокумбо, па евентуалното враќање на Леброн би создало еден од најмоќните тимови во НБА и сериозен кандидат за шампионската титула.

Засега нема официјална потврда за трансферот, но ненамерната објава на Мајами Хит отвори сомнежи дека договорот можеби веќе е постигнат, а јавноста само прерано дознала за него.