Фудбал

БЕЗОС КУПУВА ДЕЛ ОД ГИГАНТ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА?

Основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, би можел да стане дел од сопственичката структура на Ливерпул.

Според Скај Спортс, Безос добил понуда да се приклучи на инвестициски конзорциум кој преговара за купување на 30 проценти од акциите на англискиот премиерлигаш.

Иницијатор на идејата е Амит Батија, поранешен косопственик на КПР и зет на челичниот магнат Лакшми Митал.

Во моментов Ливерпул е во сопственост на Fenway Sports Group (FSG), предводена од Џон Хенри, а според Financial Times, американската група е подготвена да разгледа понуди за продажба на малцински удел во клубот.

Се проценува дека FSG го вреднува Ливерпул на околу 6 милијарди долари, иако клубот го купи во 2010 година за само 300 милиони фунти.

Безос, чие богатство според Форбс се проценува на околу 257 милијарди долари и претходно беше поврзуван со инвестиции во американски спортски франшизи, но ова би бил негов прв сериозен чекор кон сопствеништво во европскиот фудбал.

Останува да се види дали милијардерот ќе ја прифати понудата и дали FSG навистина ќе продаде дел од сопственоста на еден од најголемите клубови во светот.