Фудбал

НОВ ПРЕСВРТ: РЕАЛ КРЕНА „БЕЛО ЗНАМЕ“ ЗА ОЛИСЕ?

Реал Мадрид сè повеќе се оддалечува од можноста ова лето да го ангажира Мајкл Олисе, што претставува големо олеснување за Баерн Минхен.

Според The Athletic, во редовите на шпанскиот гигант расте убедувањето дека трансферот на францускиот репрезентативец во овој преоден рок е практично невозможен. Извори блиски до клубот тврдат дека во моментов не постои реална можност Олисе да го напушти Баерн.

Во Минхен одамна имаат јасен став. Олисе, кој има договор до 2029 година, не е на продажба, а клубот дури размислува и за предвремено продолжување на соработката со значително подобрени финансиски услови.

Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус смета дека целата приказна околу Реал е непотребно надувана.

Ули Хенес јасно кажа дека Олисе останува во Баерн и дека Реал може да си го заштеди телефонскиот повик. Играчот има договор, а Баерн нема намера да го продава.

Олисе пристигна во Баерн од Кристал Палас во летото 2024 година за околу 53 милиони евра и брзо се наметна како еден од најважните играчи во тимот. На 107 натпревари има учинок од 42 гола и 54 асистенции, бројки што значително ја зголемија неговата вредност на трансфер-пазарот.

Иако Реал не се откажува целосно од идејата, според најновите информации, евентуалниот обид за ангажман на Олисе најверојатно ќе биде одложен за некој од следните преодни рокови.