ФИФА НАПРАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА САМО НЕКОЛКУ ЧАСА ПРЕД АНГЛИЈА – АРГЕНТИНА
Објавено на: 15.07.2026
ФИФА донесе неочекувана одлука само неколку часа пред полуфиналниот спектакл меѓу Англија и Аргентина, менувајќи го начинот на работа на ВАР системот за завршницата на Светското првенство.
Наместо видео-судиите да работат од централниот ВАР-центар во Далас, како што беше случај во текот на целиот турнир, тие отсега ќе бидат сместени директно на стадионот каде што се игра натпреварот.
Според британски Мирор, ФИФА се одлучила на ваков чекор по серијата контроверзни судиски одлуки и бројните критики што ги предизвикаа четвртфиналните натпревари. Целта е да се намалат техничките проблеми и комуникацијата меѓу главниот судија и ВАР собата да биде побрза и посигурна.
До овој момент, ВАР тимовите ги следеа сите натпревари од Меѓународниот радиодифузен центар во Далас, без разлика во кој град се играше натпреварот. Со новата одлука, видео-судиите ќе бидат на самиот стадион, веднаш до останатите членови на судиската екипа.
Полуфиналето меѓу Англија и Аргентина и онака важи за еден од најчувствителните дуели во историјата на мундијалите, а по оваа промена уште поголемо внимание ќе биде насочено кон секоја судиска одлука. Натпреварот ќе го суди Американецот Исмаил Елфат, чиј избор веќе предизвика бројни реакции во англиските медиуми. Победникот од овој дуел во финалето ќе се соочи со Шпанија.