Фудбал

ТЕНЗИИ ВО АНГЛИСКИОТ ТАБОР: БЕЛИНГАМ ГО КОРИГИРАШЕ ТУХЕЛ, КЕЈН СМИРУВАШЕ

Иако Англија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, атмосферата во репрезентацијата е далеку од идеална.

По победата над Норвешка, селекторот Томас Тухел јавно изрази незадоволство од играта на својот тим.

Имавме среќа. Менталитетот беше одличен, но не сум задоволен од квалитетот на играта. Мора да играме многу подобрo, многу побрзо и да не правиме грешки.

Неговите зборови не му се допаднаа на Џуд Белингам, кој без двоумење му возврати преку медиумите.

Можеби не знае како е да се игра во вакви услови против Халанд, Одегард, Серлот и Нуса. Не можеш секој натпревар да го добиеш со убав фудбал. Понекогаш мора да победиш на потешкиот начин, а токму тоа го направивме.

Со ова Белингам застана во одбрана на соиграчите, сметајќи дека победата заслужува повеќе пофалби отколку критики.

Ситуацијата се обиде да ја смири капитенот Хари Кејн.

Сите знаеме дека можеме подобро. Селекторот сака да го извлече максимумот од нас и ги разбираме неговите барања. По натпреварот ни честиташе и ни рече да уживаме во победата.

Тој додаде дека во соблекувалната нема проблеми и дека целиот фокус сега е насочен кон полуфиналниот дуел со Аргентина, во кој Англија ќе се обиде да избори прво финале на Светско првенство по 1966 година.