Фудбал

МЕСИ МУ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА НА СУДИЈАТА: ОБРАЌАЈ МИ СЕ СО ПОЧИТ!

Лионел Меси повторно се најде во центарот на вниманието на Светското првенство, но овојпат не поради магија со топката, туку поради жестока расправија со главниот судија.

За време на четвртфиналниот натпревар против Швајцарија, камерите го уловија разговорот меѓу аргентинскиот капитен и португалскиот арбитар Жоао Пињеиро.

Обраќај ми се со почит. Немој да бидеш безобразен. Јас цело време ти се обраќав со почит.

Натпреварот беше проследен со бројни контроверзии. Аргентина по продолженија славеше со 3:1, но Швајцарците жестоко го критикуваа судењето, особено по исклучувањето на Брил Емболо, кој доби втор жолт картон по ВАР-интервенција поради симулирање.

По мечот, дефанзивецот Мануел Аканџи изјави дека секоја спорна одлука била досудена во корист на Аргентина.

Секоја спорна ситуација беше против нас. Никогаш не сум доживеал толку еднострано судење.

По новите контроверзии повторно се појавија обвинувања дека ФИФА ги фаворизира актуелните светски шампиони, но претседателот на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, ги отфрли ваквите тврдења и истакна дека интегритетот на судиите не смее да биде доведен во прашање.