Фудбал

МУРИЊО ГО ИЗБРА КАПИТЕНОТ ВО НЕГОВАТА ВТОРА ЕРА ВО МАДРИД

Жозе Мурињо веќе ја донел една од најважните одлуки пред почетокот на новата сезона во Реал Мадрид, Федерико Валверде ќе остане капитен на „кралскиот клуб“.

Според шпанска Марка, португалскиот стратег нема никаква намера да му ја одземе капитенската лента на уругвајскиот репрезентативец, и покрај скандалот што го одбележа минатата сезона.

Валверде тогаш се најде во центарот на вниманието по физичката пресметка со соиграчот Орелиен Чуамени за време на тренинг. Инцидентот завршил со тоа што Валверде бил пренесен во болница, а во шпанските медиуми веднаш се појавија шпекулации дека би можел да остане без капитенската лента, па дури и да биде продаден.

Сепак, челниците на Реал брзо ставиле до знаење дека продажба не доаѓа предвид, а сега и Мурињо ја потврдил довербата во 27-годишниот играч. Марка ова го потври денес од блиски извори во кралскиот клуб:

Мурињо нема намера да му ја одземе капитенската лента на Валверде, а уште помалку да го оттурне од клубот. Тој ќе биде негов капитен и еден од клучните фудбалери во неговиот проект.

Тоа значи дека Валверде и покрај турбулентниот период ќе остане лидер на соблекувалната, а Мурињо ќе го гради новиот Реал токму околу еден од најважните играчи на тимот. Во превод, Чуамени ќе мора да бара нов клуб ова лето.