Фудбал

АДЕМИ НЕ Е СЕРИОЗНО ПОВРЕДЕН?

Македонскиот репрезентативец доживеа повреда на мечот против Локомотива, на кој Динамо победи со 0:2 во рамките хрватскиот шампионат. Аријан Адеми доби удар на стартот, но играше до 57-та минута. По завршувањето на тој дуел, од Динамо не знаеја да кажат каква е повредата.

Според најновите прогнози на медиумите од Хрватска, можно е Адеми да заигра уште на реваншот во Шпанија против Виљареал (0:1 на првиот дуел), иако го напушти мечот кривејќи и неговиот зглоб беше потечен и обвиткан со студени облоги. Му посакуваме среќа и што побрзо да заигра!