Фудбал

ДАЛИ ХАНДАНОВИЌ ТРЕБАШЕ ДА ДОБИЕ ЦРВЕН КАРТОН?

Фудбалерите на Интер на третиот натпревар на гостински терен во Серија А успеаја да забележат победа со пресврт, но дамка на победата на нероаѕурите ќе остави моментов во последните минути од првото полувреме кога Хандановиќ го попречи Дефрел да постигне погодок за 2:0.

Словенецот се тргна на време, но се чини дека со лактот и стапалото го „закачи“ Дефрел. Судијата по прегледување на ВАР снимката не досуди прекршок и црвен картон за Словенецот, но дискусијата на социјалните медиуми продолжува.

Проценете сами и пишете ни во коментар дали Словенецот требаше да добие црвен картон?