Мотоспорт

ХРВАТСКА ГРАДИ Ф1 ПАТЕКА

Хрватска е чекор поблиску до остварување на амбициозен проект кој би можел да ја внесе на мапата на Формула 1.

Министерството за заштита на животната средина и зелена транзиција дало зелено светло за елаборатот за заштита на животната средина поврзан со изградбата на меѓународниот автодром „Кроација Ринг“, што претставува еден од клучните чекори за реализација на проектот.

Новата патека е планирана во Карловачката жупанија, северно од Слуњ, помеѓу населените места Велјун и Благај, во близина на реката Корана.

Конечно го добивме решението и многу сум задоволен од процедурата, која беше исклучително комплексна. Успеавме да одговориме на сите барања на струката и министерството. Сега продолжуваме понатаму. Ова е голем проект кој, сигурен сум, ќе донесе придобивки и за Карловачката жупанија и за цела Хрватска.

,изјави Даворин Штетнер, еден од носителите на проектот.

Комплексот ќе се простира на околу 50 хектари. Околу 40 хектари ќе бидат наменети за самиот автодром, тркачката патека, сервисните објекти и придружната инфраструктура, додека останатите 10 хектари ќе содржат туристички и угостителски капацитети.

Според планот, патеката ќе биде долга 4,2 километри, ќе има 12 свиоци и висинска разлика од 34 метри, а ќе биде изградена според највисоките стандарди на ФИА.

Покрај можноста во иднина да биде домаќин на трка од Формула 1, „Кроација Ринг“ ќе се користи и за тестирања на возила, обуки за возачи, автошколи и други комерцијални активности.a