Фудбал

ШПАНИЈА ГО ОСТАВИ ДОМА, А ТОЈ ИСПРАТИ ПОРАКА ШТО СИТЕ ЈА РАЗБРАА

Нова контроверзија ја тресе Шпанија по објавата на списокот за Светско првенство 2026, откако ѕвезда на Реал Мадрид јавно испрати порака што многумина ја сфатија како директен удар кон селекторот Луис де ла Фуенте.

За првпат во историјата, Шпанија ќе настапи на Мундијал без ниту еден играч на Реал Мадрид во составот, а најгласна реакција предизвика изоставувањето на Дин Хујсен.

21-годишниот дефанзивец, кој во последните 18 месеци собра седум настапи за Ла Роха, важеше за сериозен кандидат за списокот, но селекторот предност им даде на Марк Пубил, Ерик Гарсија, Пау Кубарси и Америк Лапорт.

Набргу по објавата, Хујсен објави фотографија на својот Инстаграм профил од тимот на сезоната според SofaScore, во кој се најдоа токму тој, Кубарси и Ерик Гарсија.

Потегот веднаш беше протолкуван како суптилна порака кон Де ла Фуенте и знак на незадоволство поради изоставувањето.

Селекторот, пак, објасни дека поголемиот дел од списокот бил практично решен уште пред неколку месеци и дека останал верен на јадрото играчи што ја освоија Европско првенство 2024.

Сепак, во Мадрид ваквата одлука отвори нова дебата, особено бидејќи Реал за првпат останува без ниту еден претставник во шпанската репрезентација на Светско првенство.