Фудбал

ПЛАТА ОД 50.000$ ЗА ГЛЕДАЊЕ ФУДБАЛ

Fox Sports започна необична кампања пред Светско првенство 2026! Бараат фан кој ќе ги гледа буквално сите натпревари на турнирот, а за тоа ќе добие 50.000 долари.

Станува збор за позиција наречена „Chief World Cup Watcher“, а избраниот фан ќе има задача да ги следи сите 104 натпревари во текот на 39 дена.

Но, тука не завршува приказната.

Избраниот навивач ќе добие и сопствен простор во срцето на Њујорк, поточно на Тајмс Сквер – специјално изграден „dream viewing room“ или соба за гледање од соништата, од каде ќе ги следи мечевите.

Во текот на турнирот, минувачите ќе можат во живо да ги следат неговите реакции, емоции и целата драма што ја носи Светското првенство, од славје и еуфорија до нервоза и разочарување.

Доколку сакаш да се пријавиш за оваа позиција, кликни на линкот што следи: ЛИНК.