Фудбал

РОНАЛДО ГО МОЖЕ ТОА ШТО НЕ ГО МОЖЕ НИТУ МЕСИ

Ако истрча на теренот против Виљареал, португалскиот ас ќе го одигра 178-от натпревар во Лигата на шампионите, со што ќе влезе во историјата на ова натпреварување како играч со најмногу мечеви зад своето име. Икер Касиљас има 177, а од актуелните фудбалери Меси има 151, колку што има и Чави.

Роналдо е најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 135 гола, а против Виљареал ќе го одигра јубилејниот 20-ти дуел во кариерата. Додека настапуваше во дресот на Реал од Мадрид, Кристијано Роналдо постигна 13 гола на мечевите кои ги одигра против жолтата подморница.