РАСЕЛ ГО СМРЗНАЛ ЏОРДАН СО ЕДЕН ЗБОР?
Објавено на: 29.09.2021
Легендите се сретнале на доделувањето на пехарите по финалето 1998-та, кога Мајкл Џордан и Чикаго Булс го освоија последниот (6) пехар во нивната историја. Веднаш по завршувањето на мечот, кога неговото височество Ер-Мајк ја примал МВП наградата за финалната серија, која патем и го носи името на Бил Расел, му шепнал на увото:
Тргнуваме по вашиот рекорд.
А, поранешниот играч и тренер на Бостон, ладнкрвно рекол:
Кој од рекордите?

Бил Расел има вупно 13 прстени, од кои 11 како играч и 2 како тренер. Од играчките, 8 беа освоени по ред, што е недостижно остварување во блиската реалнос. Расел е единствениот на кој Џордан може да му завидува на достигнувањата, но во негово време немаше социјални и други медиуми кои би го зацементирале во историјата и во очите на публиката.