Фудбал

ДАЛИ Е ОВА НАЈМОЌНИОТ И НАЈУСПЕШНИОТ ФУДБАЛСКИ ГАЗДА?

Силвио Берлускони денеска слави 85 години. Роден е на 29-ти септември 1936-та година. Тој е една од најмаркантните личности во историјата на спортот, а во фудбалот може да биде прогласен за најголемиот виртуоз на резултатски и финансиски план.

Откако го презеде Милан во 1986-та година и владееше со росонерите се до 2004-та, односно неговата рака се чувствуваше се до 2011-та кога Милан последен пат беше шампион на Италија, неговото милениче царуваше со фудбалот дома и во Европа.

Во ерата на Берлускони, Милан освои 5 европски круни и редовно играше 1/2 финале во ЛШ, освои 8 титули во Италија и многу други трофеи, со што во неговиот мандат тој беше најуспешниот претседател во историјата на фудбалот, а Милан беше најтрофејниот клуб со меѓународни пехари.

По заминувањето на Дон Силвио, Милан тргна по патот на просечноста, ја снема магијата со која и 40-годишни фудбалери играа како „младичи“ и газеа се пред себе. Има ли време шефот да се врати и да го одработи последниот танц со уникатната креација?