СО ПРАВО ЛИ НЕВИЛ ОПАЛИ ПО БРУНО?
Објавено на: 28.09.2021
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед удри по еден од актуелните лидери на екипата од Олд Трафорд, за начинот на кој се справува со грешките во кариерата, по промашениот пенал против Астон Вила и поразот од 0:1 во последното коло:
Најчесто извинувањата по социјалните медиуми се начин да се заташка грешката и катастрофалниот перформанс на еден играч. Не може со ПР метод да се покриваат поразите и грешките.
Згора на се, Гери Невил кој работи како аналитичар на Скај Спортс, рече дека Манчестер Јунајтед не може да ја освои титулата затоа што е само група на добри индивидуалци, а никако тим кој може да претендира за тронот во Премиерлигата.
