Фудбал

АРБЕЛОА: ЦРВЕНИОТ КАРТОН НЕМАШЕ НИКАКВА ЛОГИКА

Алваро Арбелоа жестоко го критикуваше судењето по контроверзниот црвен картон за Едуардо Камавинга, со кој кралевите останаа со 10 играчи и мораа да се спротистават на Баерн во финишот со играч помалу.

Баварците тоа го искористија и од 2:3, за неколку минути го свртеа натпреварот во своја полза со 4:3. По натпреварот, тренерот на Реал Мадрид зборуваше само за судењето на Славко Винчиќ. 

Како може да исклучите играч за ваква ситуација? Мислам дека судијата не ни знаеше дека Камавинга веќе има жолт картон. Судијата го уништи натпреварот. Го уништи целосно!

Тој додаде дека одлуката е неразбирлива за сите:

Никој не го разбира тој црвен картон. Нема никаква логика. Неправедно е и тажно што целиот труд може да биде уништен поради ваква одлука.

Реал Мадрид доколку не направи чудо во Ла Лига, ќе остане и втора сезона по ред без трофеј.