Фудбал

НА МЕСИ МУ ФАЛИ ДОМОТ?

Играчите на парискиот клуб, во кој аргентинскиот ас дојде по 21-на година во Барселона, се изненадени од однесувањето на најголемата ѕвезда. Лионел Меси потпиша договор на две години, а ова се првите впечатоци од неговиот престој на „Паркот на принцовите“:

„Тој е технички неверојатен, лесно е да се воспостави контакт со него на теренот, дајте му ја топката и тој совршено ќе ја подаде онаму каде што е потребно. Вон теренот е тивок и повлечен, едноставен.“ – се зборовите на Ашраф Хакими.

Има две насоки на размислување за ваквиот однос на фудбалската ѕвезда – дали годините и искуството го направија своето, или на Меси едноставно му недостасува домот, генерацијата со која ги покоруваше Шпанија, Европа и светот?