Фудбал

ИТАЛИЈА МОЖЕ ДА СЕ КВАЛИФИКУВА НА СВЕТСКО НА МЕСТОТО НА ИРАН?

Фудбалската репрезентација на Италија доживеа нов тежок удар, откако беше елиминирана од Босна и Херцеговина во баражот за Светското првенство 2026.

По драматична пенал-серија во Зеница, Италијанците останаа без билет за Мундијалот, третпат по ред, што е вистински шок за четирикратниот светски шампион.

Промашувањата на Пио Еспозито и Брајан Кристанте беа клучни, додека Босанците беа перфектни од белата точка. Иако изгледа дека сè е завршено, постои едно хипотетичко сценарио што може да ѝ даде нова шанса на Италија.

Станува збор за можноста Иран да се повлече од турнирот поради политичката и безбедносната ситуација на Блискиот Исток.

Доколку тоа се случи, според правилата на ФИФА, местото би било пополнето со друга селекција.

Најреалната опција е:

  • друга азиска репрезентација, како Обединети Арапски Емирати

Но постои и теоретска можност ФИФА да избере тим според ранкинг, а тука Италија е највисоко рангирана меѓу оние што не се пласирале.

Сепак, тоа сценарио е малку веројатно и би предизвикало реакции од другите конфедерации.

Италијанскиот министер за спорт јасно порача дека ваков развој е „многу малку веројатен“ и дека не треба да се очекува спас од ваков тип.