Фудбал

НАГЕЛСМАН И БАЕРН СЕ ПРИМЕР ЗА СИТЕ

И покрај тоа што се организирани како швајцарски часовник, и покрај тоа што се машинерија на која треба да и се поклони секој што сега или некогаш се занимава/л со спорт, и покрај тоа што царуваат со европскиот фудбал долго и континуирано, Баварците се пример за скромност и професионалност.

Јулијан Нагелсман доаѓа на тренинзи со електричен скејт-борд, запиша 7 победи во 8 натпревари откако седна на клупата на Баерн Минхен, ја прегази Барселона со 0:3 во ЛШ, има екипа која зрачи со единство и квалитет, кај него и во минхенскиот гигант нема ѕвезди и лажни авторитети.