Фудбал

ВИЕ ЗБОРУВАЈТЕ СИ ЗА РОНАЛДО И МЕСИ, А БЕНЗЕМА НЕКА ЈА КРОИ ИСТОРИЈАТА

Францускиот напаѓач сезонава постигна 8 гола и реализира 7 додавања за гол во првите 8 кола од шпанското првенство, што значи му овозможил на Реал 15 погодоци, со што ги престигна Кристијано Роналдо со 14 (2014/15) и Лионел Меси со 13 (2011/12).

Гол-машината која се разбуди по заминувањето на португалскиот ас во Јувентус, постигна 200 гола во дресот на Реал Мадрид кој го носи 12 години. Освен што урива рекорди на стартот на една сезона, Бензема има идентичен скор со Барселона – 8 гола.

Кој кого ќе засени сезонава? Карим е на добар пат да стане новата легенда на најтрофејниот светски фудбалски клуб.