ДАНСКИОТ СЕЛЕКТОР ГИ ПОДГОТВУВА ФАНОВИТЕ ЗА ТЕЖОК И НЕИЗВЕСЕН НАТПРЕВАР
Објавено на: 25.03.2026
Селекторот на Данска, Брајан Ример, испрати јасна порака пред дуелот со Македонија. Неговиот тим нема да брза, туку е подготвен за долга и неизвесна битка што може да се решава во последните минути.
На денешната прес-конференција, Ример потенцираше дека Данците нема да влезат со притисок да го решат натпреварот рано.
Кога ќе излеземе на терен, нема да се обидуваме да го решиме натпреварот во првите 20 минути. Подготвени сме за меч што може да се одлучи на самиот крај. Најважно е да не дозволиме нервозата да нè совлада.
Според него, и навивачите треба да бидат подготвени за вистинска драма.
Ова ќе биде долг и исцрпувачки натпревар што ќе ги тенчи нервите.
Данскиот селектор не го крие значењето на овој натпревар, за него и за тимот, ова е момент што ја дефинира сезоната.
Со начинот на кој го градев мојот живот, ваквите моменти се сè. Кога сте на чекор до Светско првенство, постои само една цел. Македонија е квалитетен противник, но ние размислуваме само за победа.
И покрај самодовербата, Ример признава дека притисокот е огромен.
Данска ќе игра пред полни трибини и со улога на фаворит, а „Паркен“ е распродаден комплетно.