БАДИЈАЛА АРАУХО МУ ГО СПАСУВАШЕ ЖИВОТОТ?
Објавено на: 21.09.2021
Роналд Куман е пред отказ, по серијата катастрофални резултати со размонтираната Барселона. Нема д аму помогне ниту фактот што како играч и ја донесе првата европска титула во 1992-та година со голот против Сампдорија, затоа што колку и да се претставуваат како благородници, Каталонците се гладни за резултати и за успеси.

Роналд Араухо постигна гол во финишот на мечот со Гранада за 1:1 и спаси еден бод, но само за кратко ќе ја продолжи мизеријата на холандскиот стратег, пренесуваат странските медиуми, а како најсериозна замена за Куман се споменува белгискиот селектор Роберто Мартинез. За смената се чека следната интернационална пауза.