КЛУЧНИТЕ ФАКТИ ПРЕД НАЈГОЛЕМОТО ИТАЛИЈАНСКО ДЕРБИ
Објавено на: 19.09.2021
Мануел Локатели против Сандро Тонали – едниот поранешен миланез, другиот заменик на Пирло. Нивниот меѓусебен дуел ќе решава многу во креативниот дел на играта на двата тима.

Пауло Дибала против Франк Кеси – едниот се бори за подобра позиција во составот на Јуве, другиот е на излезната врата од Милан со оглед на тоа што половина Европа го бара за следната сезона. Напаѓачот на Јувентус редовно му задава проблеми на Милан, столбот во средниот ред на росонерите е клучната алка за спој меѓу одбраната и офанзивата.

Џорџо Киелини против Анте Ребиќ – ова ќе биде еден од директните дуели на теренот, затоа што бескурпулозниот дефанзивец и централна фигура во играта на Старата дама мора да го сопре непредвидливиот и неконвенционален офанзивец на гостите.

За оние што не знаат, ова е најстарото дерби во италијанскиот фудбал кое датира од победата на Милан со 2:3 во 1901-та година, односно дерби кое има најмногу меѓусебни дуели во рамките на Серија А.

Нема име, како на пример Derby d’Italia кое датира од 1967-та за дуелите меѓу Интер и Јувентус, или Derby della Madonnina за дуелите меѓу Милан и Интер, но овие дуели меѓу Милан и Јувентус се сметаат за финалиња во италијанското фудбалско првенство, затоа што најчесто го решаваат шампионот.

Последен славеше Милан со 0:3, како ќе заврши вечерашниот дуел?