Фудбал

ЛАДНОКРВНИОТ ГЕРМАНЕЦ Е НАЈТОПЛОКРВНОТО СУШТЕСТВО

Кога Томас Тухел потпиша за ПСЖ во 2018-та година, тој и неговата сопруга Сиси (фото) најмиле домаќинка од Филипините која се грижела за нивниот дом. Конекцијата меѓу семејството и вработената, која била беспрекорна и педантна во секој поглед, толку се продлабочила, што тие почнале да функционираат како фамилија.

По некое време, Тухел дознал дека всушност госпоѓата од Филипините работи толку напорно, со цел да финансира операција на срце на едно од нејзините деца. Без да се колеба, Тухел веднаш ја уплатил потребната сума на сметката на детето, кое сега живее полно со радост и среќа.

Кога заминувал од ПСЖ, ја прашал вработената што и е најголема животна желба, а таа одговорила да оди дома и да живее со нејзиното семејство, на Филипините, во куќа што ќе ја изгради од заработката во странство. Тухел веднаш купил вила во која ова семејство денес живее, со сите нормални услови.

Челси на Тухел, денеска игра кај Тотенхем од 17:30 часот. Резултат?