ЛИНДЗИ ВОН СЕ СПАСИЛА ОД АМПУТАЦИЈА
Објавено на: 23.02.2026
Американската скијачка легенда Линдзи Вон беше отпуштена од болница две недели по тешкиот пад на Зимските олимписки игри во Италија, но пред неа следи долг и исклучително тежок период на рехабилитација.
Четириесет и едногодишната олимписка шампионка откри дека по несреќата поминала низ пет операции, а во еден момент лекарите морале да се борат за да ѝ ја спасат ногата од ампутација.
Вон претрпела сложена фрактура на тибијата, ја скршила главата на фибулата и зглобот на ногата. Поради сериозноста на повредата се развилa и опасна состојба при која поради внатрешно крварење и притисок, можело да дојде до трајно оштетување на нервите и мускулите.
Имав сложена фрактура на тибијата, ја скршив и главата на фибулата. Кога има толку траума на едно место, се создава премногу крв и таа останува заробена. Буквално ги притиска мускулите, нервите и тетивите и сè почнува да умира.
Клучна улога во спасувањето на нејзината нога имал доктор Том Хакет.
Доктор Том Хакет ми ја спаси ногата од ампутација. Направи фасциотомија, ги отвори двете страни на ногата за да може да „дише“. Тоа ме спаси.
Престојот во болница бил подолг од очекуваното поради компликации. Поради големата загуба на крв имала ниско ниво на хемоглобин и морала да прими трансфузија.
Ова беше најекстремната, најболната и најтешката повреда во мојот живот. Болката беше неконтролирана, но трансфузијата многу ми помогна.
Таа сподели и рентгенска снимка на која се гледаат бројни метални штрафови во нејзината нога,.
Повредата го прекина нејзиното враќање по петгодишната пауза. Во декември повторно победи на трка, но само една недела пред почетокот на Игрите го скина предниот вкрстен лигамент. И покрај тоа, реши да настапи во олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо.
Кобниот пад се случи на 8 февруари, само 13 секунди по стартот. Загуби контрола, закачи во капијата и силно падна. Со хеликоптер беше пренесена во болница.
Во моментов се движи со инвалидска количка, бидејќи покрај другите повреди го скршила и десниот зглоб. Рехабилитацијата ќе трае со месеци, а целосното заздравување на коските може да потрае и до една година. Потоа ќе следи уште една операција поради вкрстениот лигамент.
И покрај сè, Вон останува во свој препознатлив борбен стил.
Ќе биде долг пат, но отсекогаш сум се борела. Ништо не жалам. Секако дека посакував поинаков крај, но подобро е да паднам борејќи се. Таков е животот.