ВИКЕНДАШКИ ТИКЕТ ОД ИГОР ТРПЕСКИ
Објавено на: 20.02.2026
Како што е редот, нов тикет подготвив за викендот кој следи, со шест пара рашарани од неколку лиги со кои се надевам дека ледот конечно ќе биде скршен по речиси 3 месеци пауза. Еве го мојот предлог за овој викенд, а мој совет е тикетот да се одигра во сабота од 9 до 11 часот, бидејќи тогаш во Златна Копачка има бонус од 10% со што и оваа добивка ќе биде драстично поголема.
ПСЖ vs МЕЦ: 2+ во прво
Верувам дека парижаните ќе сакаат што побрзо да ја завршат работата па затоа би типувал на 2 гола минимум во првото полувреме. Коефициентот за оваа игра, како и на сите останати во Златна Копачка е одличен.
УНИОН БЕРЛИН vs БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
Гостите се разиграа особено на голови, додека домаќините немаат победа веќе 10 кола во Бундеслигата. Можеби ова коло ќе им биде среќно, па затоа типувам претпазливо, само дека Леверкузен би дал два гола на натпреварот, ако не и повеќе.
ЈУВЕНТУС vs КОМО: ГГ
Домаќините имаат два порази по ред, особено болен е оној од Интер, додека поразот од Галатасарај во Истанбул ги откри сите слабости на старата дама. На гости им доаѓа повторно незгоден противник, кој во средата одигра нерешено со Милан, па затоа за овој дуел типувам ГГ, бидејќи верувам дека Јувентус освен што ќе постигне гол и ќе прими еден.
МИЛАН vs ПАРМА: 1-1
Милан заостанува 7 бода зад Интер, последниот дуел против Комо не помина баш најдобро, па верувам дека во првиот дуел пред домашна публика ќе сакаат да се „извадат“ за големиот заостаток. Гостите од друга страна ги задржаа миланезите на Енио Тардини на претходниот дуел со 2:2, па дополнително верувам дека тоа ќе биде мотив повеќе за миланезите да тргнат сигурно уште во првото полувреме. 1-1, бидејќи и коефициентот е одличен.
ОСАСУНА vs РЕАЛ МАДРИД: Т2 2+
Гостите го запоседнаа врвот, играат одлично во Шпанија и врзаа 8 победи по ред. Осасуна знае да биде незгодна, па поради претпазливост ќе одиграме само Т2 2+ наместо чиста двојка.
НОТИНГЕМ vs ЛИВЕРПУЛ: 2
Црвените доаѓаат по целиот плен, бидејќи потребни им се три бода како леб, а имаат дуел против тим кој играше во четвртокот дуел во Европа. Затоа типуваме дека двојка ќе биде кружена во недела, без никаков проблем.
