Фудбал

АЛЕГРИ ГО ОБВИНИ ФАБРЕГАС ДЕКА Е ИДИОТ

Додека вниманието на фудбалска Европа беше насочено кон Лигата на шампионите, Серија А понуди свој спектакл, реми 1-1 меѓу Милан и Комо.

Натпреварот го одбележаа грешките на француските голмани Мајк Мењан и Жан Бутез, но вистинската драма се случи покрај аут-линијата.

Нешто повеќе од десет минути пред крајот, тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, го повлече за дрес Алексис Салемакерс и го спречи да се врати во позиција. Потегот го извади од такт стратегот на Милан, Масимилијано Алегри, кој веднаш тргна да се пресмета со шпанскиот тренер.

Судијата реши да реагира и црвен картон му покажа на… верувале или не – Алегри. Фабрегас помина без опомена, што дополнително ја разгневи клупата на Милан.

Според италијанските медиуми, Алегри по натпреварот не се воздржал од остри зборови кон поранешниот фудбалер на Арсенал во соблекувалните.

Голем идиот. Дете кое вчера почна да тренира.

Од друга страна, Фабрегас покажа каење пред новинарите.

Сакам да се извинам. Денес направив нешто со кое не се гордеам. Беше неспортски потег. Бев премногу возбуден и ја допрев топката. Како тренер, не смеам да си дозволам такво нешто. Се надевам дека никогаш повеќе нема да го повторам тоа.