Останато

КУЧЕ БРКАШЕ СКИЈАЧКА ВО НОРДИСКИ ДИСЦИПЛИНИ (ФОТО)

Хрватската олимпијка Тена Хаџиќ доживеа вистински шок во финишот на квалификациите во екипниот спринт во слободен стил на Зимските олимписки игри.

Во последните стотина метри од трката, покрај неа одеднаш истрча куче кое му се откачило од поводникот на еден гледач и завршило директно на патеката.

Младата натпреварувачка во прв момент останала збунета и исплашена.

На почетокот помислив дека е волк, дека можеби халуцинирам од напорот. Беше навистина големо и додека трчаше покрај мене се исплашив да не ме касне.

Инцидентот брзо бил решен, директорот на патеката на Меѓународната скијачка федерација, Мишел Рајнер, го фатил кучето и го отстранил од натпреварувачкиот простор. Иако сцената на прв поглед изгледала комично, таа носела и одреден ризик.

Фактот дека кучето воопшто успеа да излезе на патеката не е добар. За мене тоа не е пресудно бидејќи не се борам за медал, но ако се случеше во финале каде што се решаваат медалите, можеше да биде опасно.

Кучето потоа истрчало и покрај грчакта репрезентативка Константина Харалампиду, која целата ситуација ја доживеала со насмевка.

Ја следеше камерата на целната рамнина, беше симпатично и за среќа, не ја попречи трката. Беше смешно. Ме натера да ја заборавам трката бидејќи не ми беше добра. Благодарение на него сега сум позната, па морам да му се заблагодарам.