ПО ГОЛОТ НА ВИНИСИУС, СЕ ЗАСТАНА
Објавено на: 17.02.2026
Голема вечер од Лигата на шампионите во Лисабон се претвори во скандал што ја засени фудбалската драма. Во првиот меч од плејоф-фазата, Бенфика и Реал Мадрид водеа жестока битка, но моментот што требаше да биде чиста спортска еуфорија заврши во хаос.
Во 50. минута, Винисус погоди за водство на кралевите. Радоста траеше кратко. Неговата прослава предизвика гнев кај дел од домашните навивачи, по што од трибините се слушнаа расистички повици.
Судијата веднаш го прекина натпреварот, а тензијата се префрли и на теренот, играчите на двата тима влегоа во турканици и расправии. Потребни беа речиси десет минути за да се смири ситуацијата и мечот да продолжи.
Интересен детал беше и реакцијата на тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, кој се обиде да го смири Бразилецот во моментите на најголема нервоза, кој излезе откако го обвини Престиани дека со покриена уста го нарекол мајмун.
Инцидентот повторно ја отвори болната тема за расизмот на европските стадиони, особено имајќи предвид дека Винисиус и претходно беше мета на слични испади.
Фудбалот на неколку минути падна во втор план. Наместо да се зборува за голови и тактика, вечерта во Лисабон доби сосема поинаков тон, оној што европскиот спорт со години се обидува да го искорени.