МАРОТА ВО ОДБРАНА НА БАСТОНИ, ПОТСЕТИ НА КВАДРАДО ВО ЈУВЕНТУС И 2021 ГОДИНА
Објавено на: 16.02.2026
Претседателот на Интер, Џузепе Марота, смета дека Алесандро Бастони бил изложен на прекумерна медиумска експонираност по контроверзниот момент во дербито со Јувентус и возврати со потсетување на случај од 2021 година, кога според него јасна симулација на Хуан Квадрадо ѝ донела победа на Старата дама и пласман во Лигата на шампионите.
Говорејќи пред состанок на Серија А во Милано, Марота изјави дека е неправедно да се доведува во прашање настапот на Бастони за националниот тим.
Тука сме затоа што се бориме против прекумерната медиумска изложеност и јавното посрамување на Бастони, кое оди подалеку од тоа што навистина се случи. Станува збор за млад фудбалер кој е богатство и за нашата репрезентација и не е фер да се става под сомнеж неговото учество. Кој не прави грешки? Од 50-тите години имало играчи, без да именувам, познати по вакви потези.
Марота потсети и на борбата за титулата минатата сезона, кога Интер ја загуби трката за Скудетото за само еден бод.
Минатата сезона го загубивме Скудетото за еден бод и имаше потврдена грешка на натпреварот Интер – Рома, но не протестиравме.
Тој директно се наврати на дербито Јувентус – Интер од 2021 година, кога судијата Калварезе досудил пенал по падот на Квадрадо.
Сакам да потсетам исто така и на Јувентус – Интер во 2021 и пеналот досуден по јасна симулација на Квадрадо. И судијата и техничките тела потврдија дека станувало збор за очигледна симулација. Со таа победа Јувентус се пласираше во Лигата на шампионите, натпреварување вредно 60-70 милиони евра.
Марота призна дека потегот на Бастони не се вклопува во принципите на фер-плеј и повика на поостри санкции индиректно призна дека фудбалерот на Интер прелесно падна.
Од другата страна, директорот на Јувентус, Џорџо Киелини, беше меѓу најгласните критичари на судењето, заедно со Дамиен Комоли, додека тренерот Лучано Спалети остана без коментар. Марота на прашање дали го поздравил Киелини на Сан Сиро, додаде:
Тоа беше најмалку што можев да направам бидејќи тој беше еден од моите играчи. Денес е млад и неискусен директор, не би се осмелил да му давам совети.