ПРЕВЦ СКОКАШЕ ЗА СЕСТРА МУ И ОСВОИ ЗЛАТО
Објавено на: 11.02.2026
Некои победи се мерат со метри. оваа се мереше со љубов. Словенија испиша олимписка историја во мешовитото екипно натпреварување во скијачки скокови, освојувајќи злато во Предацо. Во составот Ника Водан, Анже Ланишек, Ника Превц и Домен Превц демонстрираа моќ што ја остави конкуренцијата без одговор. Норвешка заостана дури 30,9 бода, доволно да се види колку доминантна беше словенечката четворка.
Но зад бројките и бодовите се крие приказна што ја допре публиката.
За Домен Превц ова не беше само уште еден настап. Малата скокалница никогаш не му била специјалност. Во поединечна конкуренција заврши шести, солиден резултат, но далеку од неговите највисоки дострели. Многумина со резерва го чекаа неговиот настап во екипната конкуренција.
🔥🇮🇹 | De geschiedenis herhaalt zich bij het gemengde teamevent schansspringen. Vier jaar geleden haalde Peter Prevc het goud binnen en nu is het jongere broer Domen Prevc. 🇸🇮 #MilanoCortina2026
Winterspelen 👀 HBO Max pic.twitter.com/DEg2HHdxnL
— Eurosport Nederland (@Eurosport_NL) February 10, 2026
Тој, пак, носеше поинаков товар, притисок и стрес, но не за себе туку за да и донесе злато на својата помлада сестра, Ника Превц.
Си реков дека морам најдобро да си ја завршам работата. Да направев грешка пред неа, ќе пропаднев во земја. Ова злато ми значи повеќе поради сестра ми.
Таа реченица кажува повеќе од секоја анализа. Домен не скокаше само за медал. Скокаше за довербата, за семејството, за моментот што ќе го делат засекогаш. Скокаше и покрај тоа што малата скокалница не е негов терен. Скокаше за да не ја изневери сестрата со која го делеше најголемиот сон.
Со последниот скок, под притисок, но и со предност што му ја обезбеди тимот, ја запечати најголемата вечер во својата кариера. А можеби и најемотивната.
Со ова злато, Домен Превц стана четвртиот член од семејството Превц со олимписки медал, кои прераснуваат во вистинска спортска династија.
Словенија веќе има две медали на овие Олимписки игри, сребро за Ника Превц и ова историско екипно злато. А според формата и самодовербата, ова можеби е само почеток на уште една голема словенечка приказна.