БУРНИОТ ЉУБОВЕН ЖИВОТ НА ЛИНДЗИ ВОН
Објавено на: 08.02.2026
Алпското скијање повторно покажа колку може да биде сурово. Легендарната американска скијачка Линдзи Вон доживеа застрашувачки пад за време на спустот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, по што итно беше префрлена во болница. Првичните информации се дека нејзината состојба е стабилна, но најверојатно скршена е левата потколеница, по што ќе мора на оперативен зафат кој сигурно ќе значи и крај на кариерата, со оглед на фактот дека има 41 година.
Линдзи Вон зад себе има блескава кариера: четири титули во Светскиот куп, 84 победи во трки од Светскиот куп и олимписко злато, што ја вбројува меѓу најуспешните спортистки на сите времиња, но освен по медалите, позната е и по својот бурен љубовен живот, кој секогаш беше под лупа на јавноста бидејќи сите партнери и беа познати лица.
Томас Вон
Поранешен професионален скијач, со кого беше во брак од 2007 до 2011 година. И покрај разводот, Вон јавно истакна дека е благодарна за времето поминато заедно.

Тајгер Вудс
Врската започна во 2013 година и траеше до 2015. И покрај разделбата, двајцата останаа во коректни односи.

Кенан Смит
Тогашен тренер во НФЛ, со кого беше во врска од 2016 до 2017 година. Разделбата се случи поради спортските ангажмани на двајцата и далечината.

Пи-Кеј Субан
НХЛ ѕвезда со кого се сврши во 2019 година, сепак парот се раздели кон крајот на 2020, нагласувајќи дека ќе останат пријатели.

Диего Осорио
Бизнисмен и основач на Lobos 1707, со кого беше во врска од 2021 до почетокот на 2025 година.

Во февруари 2025, Вон објави дека повеќе не е во врска со Осорио, целосно фокусирајќи се на подготовките за Олимписките игри во 2026 година и на работата на својата фондација.
Додека светот чека добри вести од болницата, едно е сигурно: Линдзи Вон останува симбол на храброст, упорност и врвен спорт, без разлика на падовите и на патеката и надвор од неа.