Фудбал

ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА ПОГБА ОСТАНУВА ВО МАНЧЕСТЕР

Иако на големо се шпекулира дека францускиот интернационалец побарал нов договор со Црвените ѓаволи поради доаѓањето на португалскиот ас Кристијано Роналдо, сепак причината поради која Пол Погба бара да остане на Олд Трафорд е неговата вонсериска форма на почетокот на сезоната.

Францускиот репрезентативец силно верува дека Манчестер Јунајтед конечно има компетитивен тим, а неговиот учинок на стартот е застрашувачки. Никој досега не успеал да одигра 4 премиерлигашки натпревари со реализирани 7 асистенции во воведот на едно англиско фудбалско првенство: