Фудбал

МАЈКАТА НА АДРИАНО ИЗМАМЕНА, ТОЈ ГИ БАРА ИЗМАМНИЦИТЕ ОНЛАЈН

Мајката на поранешниот бразилски репрезентативец Адриано стана жртва на интернет-измама преку WhatsApp, при што била оштетена за околу 3.000 долари.

Според информациите, измамникот се претставил лажно и успеал да ја доведе во заблуда, по што парите биле префрлени без да се посомнева кај измамникот. Откако случајот станал јавен, Адриано остро реагираше и преку социјалните мрежи испрати директна порака до сторителот.

Поранешната ѕвезда на Интер и бразилската репрезентација му даде рок од 24 часа на измамникот да ги врати парите, во спротивно најави дека ќе преземе понатамошни чекори, најавувајќи ги како „ќе го видите ѓаволот на земјата“.

Случајот уште еднаш е потсетник дека интернет-измамите не бираат жртви и дека потребна е максимална претпазливост, дури и кога пораките доаѓаат од „познати“ контакти.

Адриано апелираше јавноста да биде внимателна и да не наседнува на вакви обиди за измама.