Кошарка

КАКО ИЗРАЕЛЦИТЕ ГО ДОЧЕКАА АТАМАН ВО САЛАТА? (ВИДЕО)

Пеколно беше во Мивтачим арената во Тел Авив и се уште е, бидејќи Панатинаикос гостува против Макаби. Фановите на Макаби немаат толку против грчкиот тим колку што имаат против нивниот тренер, поради нарушените односи меѓу Турција и Израел, а и неговиот историјат со гостувања во „жолтата“ арена.

Навивачи на Макаби Тел Авив упатија навредливи скандирања кон селекторот и тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, непосредно пред почетокот на натпреварот.

Инцидентот се случил во моментите кога грчката екипа пристигнувала пред салата. Група израелски навивачи кои чекале на влезот почнале со навреди кон Атаман додека тој излегувал од тимскиот автобус.

Обезбедувањето реагирало брзо и веднаш го отстранило Атаман од местото на настанот, по што тој бил спроведен во соблекувалната заедно со тимот, со цел да се избегне понатамошна ескалација. Тој изјави дека му е убаво кога доаѓа тука, но дека е непријатно кога 300 фанови скандираат „*би се“, заканувајќи се дека може да го напушти натпреварот доколку тоа продолжи во текот на натпреварот.

И откако го кажа тоа, еве како го пречекаа Израелците откако влезе во на паркетот од соблекувалните.