Фудбал

РОНАЛДО, СЕПАК, САКАЛ ВО СИТИ?

Шпанските медиуми информираат дека трансферот на португалскиот ас во сината екипа од Манчестер пропаднал поради неподготвеноста на граѓаните, да продадат еден напаѓач и да ослободат место за поранешната и сегашна ѕвезда на Јунајтед.

Кристијано Роналдо бил пред трансфер од Јувентус во составот на Пеп Гвардиола, кој инсистирал да го добие крилниот напаѓач, но пропаднале обидите да се продадат Бернардо Силва, Гебриел хесус или Ријад Марез, по што се (по)јавил и Јунајтед, а останатото е (и ќе биде) историја.

Шпанскиот медиум cope.es се повикува на информациите од новинарот Гиљем Балаге, кој е фудбалски новинар и пишува за европскиот фудбал, а во моментов работи за престижниот британски медиум BBC.