ЕХФ ОДЛУЧИ: НАЧЕВСКИ И НИКОЛОВ НЕМА ДА СУДАТ ПОРАДИ МАНИПУЛАЦИЈА
Објавено на: 10.01.2026
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја повлече „поканата“ на македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Шведска и Норвешка.
Одлуката е донесена поради сомнежи поврзани со задолжителните фитнес-тестирања што ги поминуваат сите судиски парови пред големите натпреварувања. Станува збор за видео-снимки од „Мултистејџ фитнес тестот“, кои според анализите на официјалните партнери на ЕХФ Fitgood Pro и Sportradar биле манипулирани од страна на на нашата најпозната ракометна судиска двојка.
Како што пренесува порталот gol.mk, случајот ќе биде предмет на понатамошна истрага. Од ЕХФ посочуваат дека судискиот систем на првенството нема да биде нарушен, а би можеле да се покренат и правни постапки против Начевски и Николов.