Фудбал

ЗАПОЗНАЈ ГО НАЈГОЛЕМИОТ СТАДИОН ВО СВЕТОТ (ФОТО)

Мароко започна со реализација на еден од најамбициозните проекти во светскиот фудбал, изградбата на новиот Грант Стад Хасан Втори, стадион со планиран капацитет од околу 115.000 гледачи. Со тоа, оваа арена ќе стане една од најголемите и најмодерните во светот.

Стадионот ќе се наоѓа во близина на Казабланка и е дел од големиот инфраструктурен план на Мароко во пресрет на Светското првенство 2030, кое земјата ќе го организира заедно со Шпанија и Португалија. Архитектонски, арената ќе биде инспирирана од традиционалните марокански пустински шатори, со модерен дизајн и напредни технолошки решенија.

Проектот предвидува:

  • капацитет од околу 115.000 седишта
  • современи VIP и медиски ложи
  • музејски простор и комерцијални зони
  • максимална пристапност за лица со попреченост

Новиот стадион треба да биде завршен во втората половина на деценијата, пред почетокот на Мундијалот 2030 и веќе се споменува како потенцијален домаќин на најголемите натпревари, вклучувајќи го и големото финале, нешто на што нема да се согласи Шпанија.

Очекувањата се дека арената ќе биде нов дом на мароканската репрезентација, а можно е таму да играат и најтрофејните клубови од Казабланка, Видад и Раџа. Проектот не претставува само спортски објект, туку и силен симбол на амбициите на Мароко да стане водечка фудбалска сила на африканскиот континент и важен фактор на светската сцена.

Со Гранд Стад Хасан Втори, Мароко прави чекор кон една нова ера, ера на мегапроекти и организација на најголемите светски натпреварувања.