Мотоспорт

ВЕРСТАПЕН ПРЕДВИДУВА ДАЛИ ХАМИЛТОН ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА

Макс Верстапен се огласи околу шпекулациите за можна пензија на Луис Хамилтон, по тешката сезона која Британецот ја заврши без ниту еден подиум, првпат во својата 19-годишна Ф1 кариера.

Хамилтон ја заврши сезоната на шестото место, далеку зад тимскиот колега Шарл Леклер, а по неколку разочарувачки изјави се појавија гласини дека би можел да се повлече од Формула 1. На таа тема, се огласи неговиот ривал кој во последниот круг во 2021, кога му ја одзема можноста да го надмине Шумахер по бројот на освоени титули.

Верстапен, во изјава за Viaplay, призна дека му е тешко да го гледа Хамилтон во ваква ситуација:


„Не беше добра сезона за него, тоа се гледа. Искрено, ме боли да го гледам во ваква ситуација. Но да се откаже? Не мислам. Тој не се предава лесно.“

И покрај слабата година и тоа што Ферари остана без ниту една победа, Хамилтон јавно негираше дека размислува за заминување. Тој истакна дека љубовта кон трките и желбата за нови рекорди сè уште се силни, а надежта ја гледа во големите регулаторни промени што доаѓаат во 2026 година, со новиот изглед на болидите, новите мотори и новите аеродинамички регулативи.

Дополнително, ниту ние не очекуваме Хамилтон да се повлече пред се поради богатиот договор со Ферари, според проценките, тој заработува околу 50 милиони евра по сезона.