Фудбал

ПРЕТПРАЗНИЧЕН ТИКЕТ НА КОЛОТО НА ИГОР ТРПЕСКИ

Дали фортуната ќе не посреќи во овие работни денови, кога понудата и не е така голема како претходната недела кога ги имавме на распоред европските натпревари? Ќе видиме, еве што одбравме за игра.

ЊУКАСЛ vs ФУЛАМ: 1

Њукасл дома е сосема друг тим. Атмосферата е силна, темпото е високо и често вршат притисок уште од прва минута. Фулам на гости ретко изгледа убедливо против екипи од горниот дел на табелата, а пласман понатаму ќе биде голем мотив за домаќините.

ДАНДИ vs СЕЛТИК: 1+ 1+

Селтик е тим што често притиска од самиот почеток. Ран гол им ја отвора играта и ги тера домаќините да се отворат – што е идеално за гол во првото полувреме. Дури и при водство, продолжуваат да играат офанзивно, што ја зголемува шансата за гол и во вториот дел. Затоа ќе го пробам овој дуел на голови.

АЛАВЕС vs СЕВИЉА: ГГ

Алавес против Реал докажа дека игра офанзивно, верувам дека така ќе биде и против Севиља која игра променливо. И двете екипи ќе имаат мотив за напредок во Купот, па затоа ГГ според мене е совршена игра за овој дуел.

НАПОЛИ vs МИЛАН: 1П 0-2 ГОЛА И 2П 1-3 ГОЛА

Мислам дека не очекува тежок натпревар во полуфиналето на Суперкупот на Италија, во кој и Наполи и Милан влегуваат со тешки нозе. Затоа според нас оваа игра која ја има во Златна Копачка е совршена за игра.

ПСЖ vs ФЛАМЕНГО: 1

Не ни треба поголем опис зошто овој дуел го играме 1. Дали и според тебе е задолжителен тип за секој тикет деновиве?

РИДИНГ vs ЛУТОН: 1+ 1+

И двата тима не се познати по „бетон“ одбрани. Кога ќе се отвори резултатот, мечевите на Ридинг и Лутон често одат во правец на уште шанси и голови. А овде, мислам дека головите нема да недостигаат.

Доколку ти фаќа око овој тикет, можеш да го одиграш во Златна Копачка со следниот код: 470264