Кошарка

КАКО NBA SВЕЗДИ СЕ ЗАЛЕТАА ПО ТУРСКА КОШАРКАРКА?

Спортските медиуми во последните денови беа преплавени со вест која брзо стана вирална: турската кошаркарка Симан Наз Огет наводно постигнала 69 поени на еден натпревар. Бројката веднаш го привлече вниманието на јавноста, бидејќи ваква партија ретко се гледа дури и во најсилните лиги.

Но, уште поголема врева се крена кога самата кошаркарка се огласи на својот Facebook профил и ја демантираше информацијата, кратко и јасно истакнувајќи дека бројката е неточна.

Интернетот, сепак, функционира по сопствени правила. Иако веста беше демантирана, таа веќе беше вирална и споделена илјадници пати. Реакциите не задоцнија, а љубителите на кошарката низ целиот свет се вклучија во дискусија пред се поради природната убавина на кошаркарката, а приказната стана топ-тема на социјалните мрежи.

Особено интересен момент беше тоа што веста стигна до неколку од најголемите имиња во NBA лигата. Меѓу оние кои не останаа рамнодушни беа:

Ентони Едвардс, една од најголемите млади ѕвезди на лигата кој твитна дека би сакал да постигне 69 против него.

Шеј Гилџиес-Александер, актуелен МВП на НБА сезоната кој во коментар пиша дека би сакал да вежба слободни со нејзе.

И двајцата на социјалните мрежи со воодушевување ја коментираа наводната партија, уште еден доказ колку брзо една приказна, точна или не, може да го обиколи светот.