Ракомет

ГО НАТУРАЛИЗИРАМЕ УКРАИНСКИОТ БОМБЕР ОД ВАРДАР

Дмитро Хориха неодамна доби македонски пасош, а денес во изјава за МакСпорт потврди дека паднал договор со селекторот Лазаров тој да го облече црвениот дрес на Македонија.

Левиот бек на Вардар кој има 28 години ги потврди најавите на македонските медиуми дека пасошот кој го доби е поврзан со настап во македонската ракометна репрезентација. Тој пред 2,5 години последен пат настапил за Украина и од тогаш следува пауза од 3 години додека да може да облече друг репрезентативен дрес. Сега, потребно ќе биде и дозвола од ЕХФ, за да може и официјално да биде повикан од селекторот Лазаров.

Се е договорено и сакам да играм за Македонија. Тоа беше еден од условите за да го добијам пасошот. Разговарав со селекторот и се договоривме. Сега треба само да почекам да навршат трите години, некаде во април.

Хориха претходно има настанувано за Мотор Запорожје, Нава од Шпанија, Екс од Франција и од оваа сезона во Вардар. Претходно, Македонија има двајца странци натурализирано во ракометот, а тоа е Немања Прибак и Ренато Вугринец.

Оваа одлука за внесување на странец во репрезентацијата доаѓа како изненадување, со оглед на фактот дека и селекторот Лазаров, но и македонските клубови пред се Алкалоид, се насочи кон македонски играчи. Сепак, со повлекувањето на Талески од репрезентацијата, оваа позиција на која би настапувал Хориха е испразнета и никако ниту еден играч да се наметне на истата.