Кошарка

ВО БЕЛГРАД СЕ ЧЕКА ОБРАДОВИЌ КАКО ПАПА, НА ПОВИДОК ПРЕДОМИСЛУВАЊЕ?

Жељко Обрадовиќ поднесе оставка од челната позиција на стручниот штаб на Партизан, остана во Атина и не се врати со тимот назад за Белград. Партизан го објави неговото писмо на социјалните медиуми до фановите, но од тогаш почнува лавина на реакции од фановите кои на секој можен начин го убедуваат тренерот да продолжи да го води нивниот клуб.

Денес, состанок имала управата на клубот на кој состанок не била прифатена неговата оставка и почнува процесот и на официјално разубедување на Обрадовиќ. Тој вечерва се враќа во Белград со авион од Атина, а на аеродромот се наоѓаат над 7.000 фанови на Партизан кои го скандираат неговото име и бараат да остане на кормилото.

Дали Обрадовиќ ќе попушти „под притисокот“ останува да видиме. Се очекува негово појавување пред најлојалните „Гробари“ и останатите фанови на Партизан.

https://news.zlatnakopacka.mk/post/vo-belgrad-se-ceka-obradobic-kako-papa-na-povidok-predomisluvanje