Фудбал

ПРЕЗЕНТЕРКАТА НА РЕАЛ КОЈА НИКОЈ НЕ ЈА ГЛЕДА ВО ОЧИ

Реал Мадрид има кралски стадион, се наоѓа во кралски град, а таквата репутација сака да ја имплементира и на Реал Мадрид ТВ, каде што веќе некое време „пали и гаси“ италијанската поранешна манекенка, Марија Арегини.

Таа се придружи на каналот претходната година и нејзиното присуство значително ја зголеми гледаноста, а според многумина навистина одлично се има трансформирано од манекенка во медијска личност, пред се поради нејзината харизма и физички изглед.

Но пред да биде дел од Реал Мадрид ТВ, Марија има успешна кариера во модната индустрија и искуство да се поврзе со публиката, како на модните писти, така и пред ТВ камерите. Од нејзиното доаѓање, таа стана едно од омилените ТВ лица меѓу фановите на белиот клуб, а за добриот потег на кралскиот клуб говори фактот што гледаноста на интернет, но и претплатниците од лани се во постојан пораст.

Дали е само до неа или не, одлучете сами од неколку објави од нејзиниот Инстаграм профил.

Ако некој знае како, нека ни прати упатство како и ние да се претплатиме на Реал Мадрид ТВ.

Ви благодариме.