Кошарка

ОБРАДОВИЌ СИ ПОДНЕЛ ОСТАВКА?

Жељко Обрадовиќ по се на крај најверојатно повеќе не е тренер на КК Партизан. Ова е вест што денес ја објавија српските медиуми, иако официјална потврда од белградскиот клуб сè уште нема пристигнато.

Според нив, Обрадовиќ одлучил да го направи овој потег по разочарувачкиот пораз што го претрпе Партизан на синоќешниот натпревар со Панатинаикос во Атина. Црно-белите беа поразени со резултат од 91:69 ​​​​по катастрофалната трета четвртина во која примија 25 поени, а постигнаа само 6 поени.

Обрадовиќ наводно поднел оставка по натпреварот, чија оставка рководството на клубот сè уште ја нема прифатено, но она што останува да видиме е дали ќе опстои на неа или сепак челните луѓе ќе успеат да ја променат истата.

Да потсетиме дека Партизан има рекорден буџет оваа година, но тоа не им донесе добри резултати во Евролигата каде што имаат скор од 4 победи и 9 порази и осумнаесето место на табелата, иако амбициите беа многу поголеми.