НАД 1000 ТУРСКИ ФУДБАЛЕРИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ ОБЛОЖУВАЊЕ
Објавено на: 11.11.2025
Турскиот фудбал е во „морална криза“. Ова го изнави претседателот на турскиот фудбалски сојуз откако скандал со спортско обложување изби во јавноста, суспендирајќи повеќе од 1000 играчи и официјални лица во фудбалот.
Од нив, 27 се во првата фудбалска лига меѓу кои има и од најголемите турску клубови, а се теретат за местење на натпревари и исходи од истите. Според обвинението, 1024 е точниот број на лица против кои ќе се покрене истрага. Ерен Елмали (на фотографијата подолу фотографиран со Осимен) е еден од нив, меѓу обвинетите има и двајца фудбалери на Бешикташ, но и двата клуба преку официјални соопштенија истакнаа дека стојат позади нив и нивната невиност во овој случај.
🕺🏻 Yunus Akgün, Victor Osimhen ve Eren Elmalı. pic.twitter.com/La9ySkZ61i
— Forza Cimbom (@forzacimbomtr) August 24, 2025
Елмали во меѓувреме објави на Инстаграм дека се има обложувано, но не сега туку пред 5 години, а тој се придружи на турскиот шампион оваа сезона.
Поради бројот на суспензии, натпреварите во третата и четвртата лига се одложени за следните две недели, а првата и втората лига ќе продолжат со настапи непречено.